Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордни 10.000 продадени примероци од „Нашиот пат“!

Рекордни 10.000 продадени примероци од „Нашиот пат“!

Откако издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО ја издаде книгата НАШИОТ ПАТ, напишана од познатите јутјубери Марко Марковиќ  – GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator, па сè до денес, продадени се рекордни 10 000 примероци.

Двајцата популарни јутјубери официјално го објавија продадениот тираж на нивните социјални мрежи, а петцифрената бројка ја одбележаа со интересна фотосесија. Првиот тираж од 1000 примероци се распродаде само за час и половина на денот на промоцијата на книгата, а веднаш потоа постојано се печатеа и се продаваа нови и нови тиражи.

Овој тираж е своевиден феномен – бројка која далеку ги надминува вообичаените тиражи во издаваштвото на овие простори, и очигледно ќе треба да помине уште долго време пред да може некоја друга книга да го достигне.

„Не ни сонувавме дека ќе напишеме книга, а камоли да ја напишеме најтиражната досега! 10 000 продадени примероци за неполни 4 месеца – сигурно е сон!“, ни изјавија Марко и Стефан.

Од издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО, пак, велат дека ваквиот тираж ги надмина сите можни очекувања и секако се горди на овој проект и на младите автори.

Слично

Поврзани вести