Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекордна продажба на Ајфон 6: За три дена испорачани десет милиони телефони

Рекордна продажба на Ајфон 6: За три дена испорачани десет милиони телефони

Аpple за првите три денови на продажба ширум светот испорачал десет милиони телефони од iPhone 6 и iPhone 6 Plus, со што е поставен нов рекорд.

Пред година дена  Apple за истиот период продаде девет милиони модели тогаш нови телефони на iPhone 5C и 5S.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук соопшти дека побарувачката за новите паметни телефони ги надминала нивните очекувања.

Новите iPhone  модели засега се достапни во САД, Австралија, Канадам Франција, Германијам Хонг Конг, Јапонија, Поротрико, Сингапур и Велика Британија.

Во уште 20 други земји пристига во петок, додека до крајот на годината тој список ќе биде  значајно проширен.

Слично

Поврзани вести