Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорден број учесници, Кенијците најбрзи на Скопскиот маратон

Рекорден број учесници, Кенијците најбрзи на Скопскиот маратон

Атлетичарите со потекло од Кенија,  Вајклиф Кипкори Бивот во машка и Каролин Кипруто во женска конкуренција беа најбрзи на Скопскиот маратон 2013, што денеска се одржа по 9-ти пат. Годинава на  четирите трки учествуваа рекордни 4.900 натпреварувачи од 36 земји од сите континенти.

 Маратонската патека од 42 километри и 195 метри, Кениецот Бивот ја истрча за 2 часа, 21 минута и 56 секунди што е нов рекорд на патеката, односнио за две минути подобар од претходниот. Рекорд беше поставен и во женска конкуренција, а Кипруто трчаше со време од 2 часа, 48 минути и 49 секунди.

Ристе Лазаров во машка, и Весна Кираџиева во женска конкуренција го освоија македонското државно првенство

„ Докажавме дека Скопски Маратон е гордост на Скопје и Македонија, препознатлив бренд и спортска атракција со учесници и публика од цел свет. Очекуваме овој спортски македонски бренд да добие уште поголема подршка од институциите и партнерите за во наредните години да се доближиме по бројот на учесници со големите европски маратони“ , изјави Кире Синадиновски, директорот на Скопски Маратон.

Слично

Поврзани вести