Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорд: Запленија 30 милиони лажни долари

Рекорд: Запленија 30 милиони лажни долари

Запленети се  30 милиони лажни долари во Перу. 

Земјата е најголемиот производител на лажни американски банкноти. 

Американски и перуански органи спроведоа заедничка операција во Лима, при што е запленета рекордна пратка фалсификувани долари, пренесоа агенциите и американските медиуми. 

Конфискувани се фалсификувани долари во вредност од 30 милиони и 50 000 фалсификувани евра. При операцијата во три перуански градови се уапсени 47 Перуанци и 2 државјани на Еквадор. 

Перу е најголемиот производител и дистрибутер на лажни американски банкноти во светот. Од јужноамериканската земја доаѓаат околу 60% од скоро 3-те милијарди лажни долари, кои се во оптек во светот.


Слично

Поврзани вести