Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рекорд: Германски келнер одеднаш однесе 27 кригли пиво

Рекорд: Германски келнер одеднаш однесе 27 кригли пиво

Еден германски келнер успеа да постави нов светски рекорд во носење кригли, понесувајќи одеднаш дури 27 кригли полни баварско пиво.

Како што пренесува Би-Би-Си, Оливер Штрумфел го остварил овој подвиг на фестивалот на пивото Gilemos, во германскиот град Абенсберг.

 За својот успех, новиот шампион рекол дека е плод на повеќе месечното тренирање.

Штрумфел имал само еден противник во натпреварувањето кое се состои во носење до врв полни кригли должи 40 метри.

Фестивалот во Абенсберг, во Баварија, е еден од најстарите во Германија, чија традиција е стара 700 години.

Слично

Поврзани вести