Реконструкцијата на водоводна линија ф700 кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и булевар Србија заврши
Реконструкцијата на водоводна линија ф700 кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24-ка) заврши успешно и во рамките на нашите претходни проекции, информираат од ЈП„Водовод и канализација“. Замената на старата челична цевка ф700 која е поставена 1980 година со полиетиленска цевка ф800 ќе го подобри квалитетот и притисокот на водата на нашите корисници во Аеродром и Ново Лисиче во висока зона, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од Кисела Вода односно корисниците на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски). Во интерес на граѓаните одлучивме оваа интервенција да ја реализираме во ноќните часови. Би сакале да им се заблагодариме на сите кои учествуваа во оваа реконструкција но и на нашите корисници кои одреден период останаа без водоснабдување и имаа разбирање за значењето на истата.


