Економија, финансии, бизнис

Контакт

Регистрирани 93 случаи на фирми кои се обиделе да го заобиколат законот

Регистрирани 93 случаи на фирми кои се обиделе да го заобиколат законот
Во изминатиот период даночните контроли утврдија дека во 93 случаи фирмите се обиделе да го заобиколат законот. Даночните контроли се спроведени во повеќе градови низ Македонија, а според Регионалните дирекции на УЈП состојбата е следна:
  • РД Штип – 32 објекти со неправилности
  • РД Скопје - 28 објекти со неправилности
  • РД Битола - 25 објекти со неправилности
  • РД Кавадарци - 8 објекти со неправилности
  Поради сторен прекршок, на сите обврзници кој постапиле спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, изречена им е парична глоба која се движи до 3250 евра во денарска противредност, како и времена мерка за забрана на вршење на дејност од 15 дена, односно 30 дена.
Слично

Поврзани вести