Редовните плаќачи во натпревар за наградите во „Среќно семејство“
Вечерва три среќни семејствa на корисници кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија ќе се натпреваруваат во наградната игра на ЕВН Македонија „Среќно семејство“. Низ четири забавни игри семејствата ќе се натпреваруваат за награди од 300, 500 и 1000 евра. Ова е наградна игра во која сите добиваат, а преку неа ЕВН Македонија ја наградува довербата на своите корисници кои редовно ги плаќаат сметките.
Минатата недела во првото промотивно издание се натпреваруваа семејствата на познати личности, а средствата беа наменети за интернатот „Гoце Делчев“ од с. Љубанци, за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД аспергеров синдром „Во мојот свет“- Скопје и за Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје. ЕВН Македонија двојно го зголеми наградниот фонд од играта со што дополнителните средства беа донирани за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Наградната игра „Среќно семејство“ се емитува на ТВ Алфа секој втор понеделник во 19:15 часот веднаш по завршувањето на централниот дневник. Истиот ден емисијата се емитува и на ТВ Алсат во 22:15 часот на албански јазик. Репризните изданија на наградната игра на двете телевизии ќе се емитуваат за време на викендот.
Слично
