Економија, финансии, бизнис

Контакт

РЕАЛНОСТ НА ЛАЖЕН ПРОФИЛ: Целосно поинаква социјална мрежа

РЕАЛНОСТ НА ЛАЖЕН ПРОФИЛ: Целосно поинаква социјална мрежа

Социјалните мрежи одамна станаа платформа на која наизглед сите имаат совршени животи, но сега се појави и нешто што отстапува од тој „комерцијален калап“.

Многу млади луѓе поминуваат часови и часови уредувајќи фотографии за да пред своите следбеници и пријатели се покажат во најдобро светло.

Но, изгледа дека полека стануваат уморни од глумењето на совршенство бидејќи се помалку млади прибегнуваат кон новиот тренд, нарече Финстаграм.

Финстаграм или скратено Финста е „лажен“ Инстаграм профил на кој се дозволени несовршености. Најчесто се приватни и пристапот до нив е дозволен само на најблиските пријатели.

На ваквите профили сопствениците може да станат што и да посакаат: слика без шминка, лошо направено селфи и слични работи кои не можат да ги стават на својот „вистински“ профил како би ја нарушиле сликата која ја праќаат во јавноста.

Трендовите на социјалните мрежи стануваат се побизарни, но овој отскокнува поради иронијата. На вистинските профили се достапни фоотграфии од лажната реалност, додека на корисниците им е потребен лажен профил за да навистина можат да се изразат.

Некои од сопствениците на Финстаграм пак тврдат дека кај нив не постои значајна разлика помеѓу вистинските и лажни профили, но дека на Финстаграм имаат личен пристап и чуство на помало замарање, пишува Дејли Дот.

Слично

Поврзани вести