Економија, финансии, бизнис

Контакт

Реал Мадрид ќе го разубавува „Сантијаго Бернабеу“ (ГАЛЕРИЈА)

Реал Мадрид ќе го разубавува „Сантијаго Бернабеу“ (ГАЛЕРИЈА)
Реал Мадрид и општината Мадрид го претставија проектот за новиот стадион „Сантијаго Бернабеу“. На специјална прес-конференција претседателот на шпанскиот гигант Флорентино Перез и претставникот на градската управа Мануел Кармена ги презентира плановите за реконструкција на објектот.

Перез објасни дека ќе има одредена промена и во името на стадионот. Тој, сепак, беше категоричен дека не станува збор за доживотно преименување, туку за додавање на името на фирмата, која ќе го спонзорира проектот, кон досегашното „Сантијаго Бернабеу“.

Според планот, реконструкцијата треба да започне во 2017 година. Не се предвидува зголемување на капацитетот, кој во моментов е точно 85.454 места. Според првичните сметки ќе бидат инвестирани 400 милиони евра. Од градската управа изјавија дека шпанската престолнина ќе заработи од реновацијата на стадионот, бидејќи ќе биде подобрена инфраструктурата во зоната околу објектот и ќе бидат намалени нивоата на бучава.


Слично

Поврзани вести