Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ: На летување ќе потрошиме 4.800 евра

РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ: На летување ќе потрошиме 4.800 евра

Во наредните десет години  282 милиони домаќинства ќе патуваат во странство, при што ќе потрошат поголема сума на пари.

Туристи од Бразил, Кина и Русија во следната деценија ќе ги преплават туристичките дестинации, покажува истражувањето на компанијата Виса на основа на прометот на картичките.

Се превидува дека до 2025 година за 35% повеќе ќе патуваат луѓето. Се смета дека годишната туристичка потрошувачка во странство по семејство ќе биде 4.800 евра.

Се предвидува дека во следните десет години ќе бидат изградени над 340 нови аеродроми, патишта, дестинации.

Затоа што населението во светот старее најмногу ќе патуваат постарите луѓе над 65 години.

Нив најважно ќе им биде здравјето и комфорот, а не парите и затоа може да се развие и медицинскиот туризам.

Слично

Поврзани вести