„Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, се вели во соопштението.
Популарниот „Ел Команданте“ е тренер на францускиот гигант ПСЖ откако од клупата го предводеше скопскиот великан Вардар кон титулата европски шампион.
