Економија, финансии, бизнис

Контакт

Растот на електронската музика се должи на брзиот подем на користењето на интернетот

Растот на електронската музика се должи на брзиот подем на користењето на интернетот

Сведоци сме како технологијата со нејзиниот брз развој ни создава нови навики и предизвикува промени во сите сфери на општеството. Слушваме секој ден како најголемите технолошки компании од ден на ден постигнуваат се повисоки вредности кои се мерат во стотици милијарди. Меѓутоа можеби не сме свесни дека таквиот тек на настаните диктиран од технологијата, прави милијарди и во сфери од животот за кој помлаку сме свесни. Според истражувањето на DJ Shadow во 2012 година, електронската музичка сцена (EDM – Electronic Dance Music) е проценета на вредност од 4 милијарди УСД. Имајќи го во предвод овој факт со право може да се каже дека живееме во време на музичка ренесанса.

Растот на електронската музика се должи на брзиот подем на користењето на интернетот. Така наречената генерација “millennials” која е под најголемо влијание на технологијата се вбројува во најголем аудиториоум на EDM. Според Forbs во 2012 година 10-те најдобро платени DJ-и заедно заработиле 115 мил УСД. Добро познатото име Tiesto во 2017 година заработил рекордни 22 мил УСД.

Ако одиме еден чекор подлабоко, односно од глобалната рамка преминеме на пооделна нација која е најзаслужна за ваквите бројки на EDM,неизбежно ќе дојдеме до Холандија.

Според истражувањето од 2014 година спроведено од најголемата холандска банка ING, на секои 14 ново отворени работни места 1 е поврзано директно или индиректно со EDM. Понатаму истражувањето вели дека не помалку од 40% од испитаниците на возраст околу 50 годни се изјасниле дека имаат симпатии кон електронската музика. Големата популарност на EDM во Холандија е пресликана во голем број журки кои освен во клубовите се организираат и како големи настани т.н. Фестивали кои траат и по неколку дена и кои се посетени и од речиси половина милион посетители. Годишно холандските граѓани трошат вкупно 360 милиони евра на фестивали или во просек по 140 евра на еден фестивал (тука се вклучени влезници, транспорт, пијалоци, храна, облека и сл.). Во 2014 година 1 од 7 холанѓани посетиле повеќе од еден фестивал, а кај младите односнот е 1 од 3.

Ваквите бројки и трендови ја класифицираат EDM како извозен производ на Холандија кои во 2014 година донел странски приливи во износ од 120 милиони евра, а проценките се дека тој ќе расте со стапка од 50% годишно. Банката подвлекува дека во истата година светската EDM сцена вредела 6 милијарди ЕУР. Еден од позначајните извори на овие средства е култниот музички хепенинг, Amesterdam Dance Event.

Слично

Поврзани вести