Расте откупот на земјоделски производи, во септември за 64%
За скоро 64 отсто пораснал откупот на земјоделски производи во септември, споредено со истиот месец лани. Ова го покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика.
Така , вредноста на вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во септември изнесува околу 22 милиони евра(1.327.366.000 денари).
Притоа вредноста на откупени производи од индивидуални земјоделци бележи раст за 143 проценти, а кај компаниите околу 10%.
Најголем раст има кај откупеното овошје и тоа за 400%, додека намалување има житото, месото, живината, јајцата и млекото.
Слично
