Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на бројот на корисници, а пад на приходите на „Вип“

Раст на бројот на корисници, а пад на приходите на „Вип“
Телекомуникацискиот оператор „Вип“ во првиот квартал од годинава ја зголеми базата на договорни претплатници за 13 отсто во однос со истиот период лани. Според последните податоци договорните претплатници сочинуваат половина од корисничката база на „Вип“, а пазарниот удел на операторот се искачи на 28 отсто. „Растот на нашата база на договорни претплатници е силен доказ за нашата долгорочна определба да го ставиме корисникот на прво место, нудејќи му најдобра вредност и да бидеме оператор кој нуди најдобро корисничко искуство на овој значително конкурентен пазар“, изјави главниот извршен директор на „Вип“, Никола Љушев. Тој посочи на трендот на опаѓање во телекомуникацискиот сектор, што како што рече ја наметнува потребата за целосно свртување на операторите кон корисникот. Најави иновации кои наскоро ќе донесат нова брзина и нови возбудувања за корисници со 4G LTE. „Вип“ во првите три месеци од годинава забележа пад на приходите за 12 отсто, што од компанијата го оправдуваат со пониските малопродажни цени и цените за интерконекција. Заработката на компанијата пресметана пред камати, оданочување, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) е подобрена и изнесува 2,5 милиони евра што е резултат на поголемата ефикасност и пониските трошоци, појаснуваат од „Вип“.
Слично

Поврзани вести