Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раноградинарските култури и јаготките бараат вода

Раноградинарските култури и јаготките бараат вода

Од понеделник започнува сезоната на наводнување во ХМС „Тиквеш“, а првите барања за количини вода за наводнување вече пристигнале од страна водокорисниците, информира техничкиот директор во јавното претпријатие, Илија Темелковски.

„Во изминатиот период ги исчистивме каналите со кои стопанисува претпријатието. Утре ќе ги направиме потребните проверки и откако ќе ја пуштиме водата за наводнување во каналите.Првите барања за потреба од вода за наводнување се однесуваат на раноградинарски култури во фолии, производство на јаготки и слично“, посочи Темелковски.

Годинава за наводнување се планирани вкупно околу 8.5 илјади хектари земјоделска површина.

Слично

Поврзани вести