Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рамстор демантира дека имало киднапирање на дете во супермаркетот!

Рамстор демантира дека имало киднапирање на дете во супермаркетот!

Рамстор Македонија испрати демант до медиумите кои вчера објавија вест за наводно киднапирање на дете во супермаркетот.

„Преку ова соопштение официјално ја информираме јавноста дека содржина на веста од 13.12.2014 за киднапирање во трговскиот е неточна и невистина“, велат до Рамстор.

Според увидот, единствен извор за објава на оваа вест е наводен статус на личен профил на социјалните медиуми што укажува на нејзината неверодостојност, посочуваат од Рамстор.

Истовремено од Рамстор упатуваат апел до медиумите за проверка на релевантноста и точноста на информациите пред нивното објавување и консултација со организацијата чие име се користи.

Преку објавата на овој демант  бараат од медиумите кои ја објавија лажната вест, да упатат јавно извинување до Рамстор Македонија, до потрошувачите и до читателите за пренесување на лажни и непроверени вести.

Слично

Поврзани вести