Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рајски остров на туристите им плаќа по 300 долари - што треба да направат?

Рајски остров на туристите им плаќа по 300 долари - што треба да направат?

На прекрасните места на Карибите на туристите ќе им се плаќа по 300 долари за да ги посетат. 

Оваа интересна понуда е по повод 100 години откако Девствените острови се дел од САД. 

Америка од Данска ги купила во 1917 година за 25 милиони долари во златници. 

Овие острови ги освоија туристите од сите краеви на светот, но за посета на трите главни острови локалните власти ќе плаќаат по 300 долари. 

Но, има неколку услови кои мора да бидат исполнети. 

Ова важи за луѓето кои ќе резервираат престој до 1 октомври и ќе останат барем 3 дена. 

Сумата нема да се исплати во кеш, туку во ваучери кои ќе можат да ги потрошат на разни активности како нуркање, излети или сурфање. 

Оние гости кои во март ќе бидат на островите за време на прославата, ќе добијат подарок изненадување. 

Властите уште не знаат каков подарок ќе биде доделен на посетителите. 

Во акцијата учествуваат 32 хотели од 3 острови. 

Слично

Поврзани вести