Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радика го однесе коловозот на патот Маврово – Дебар

Радика го однесе коловозот на патот Маврово – Дебар

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патот Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 30 метри, јавува АМСМ.Оттаму посочуваат дека е поставена соодветна патна сигнализација, а екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на теренот за оспосочување на алтернативна втора коловозна лента.

Појава на поситни одрони има на патните правци Демир Хисар - Кичево, Катланово-Велес, Д.Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово. Во меѓувреме, информираат од АМСМ, нормализиран е сообраќајот на патот Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража, забраната за тешки товарни возила и автобуси е укината, а правецот е прооден за сите видови возила.
Слично

Поврзани вести