Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радарскиот систем се уште не работи, не е функционална ниту градобијната заштита

Радарскиот систем се уште не работи, не е функционална ниту градобијната заштита

За климатските промени чие влијание е се поголемо, неопходен е сет мерки и активности и инволвираност на сите засегнати страни, истакна Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство.

Тој нагласи дека Македонија годишно исплаќа пет милиони евра за штети во земјоделството.

Директорот на УХМР Ивица Тодоровски, информира дека со три милиони денари ќе се поправа софтверот на радарскиот систем во Ѓуриште, инсталиран во 2005 година. 

Годинава УХМР располага со буџет од 4 милиони денари и 5 милиони денари поддршка од Владата.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот рече дека се прават напори за враќање во употреба на системот за градобијна заштита, особено во Преспа, Ресен и Тиквеш.

Слично

Поврзани вести