Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работохолизмот е штетен не само за здравјето, но и за кариерата

Работохолизмот е штетен не само за здравјето, но и за кариерата
Работохолизмот е штетен не само за здравјето на вработените , но и за нивните достигнувања во службата , утврдија италијански научници , пренесува весникот "Дејли мејл " . Научниците од Универзитетот на Падова истражувале 322 работници во текот на 15 месеци. Тие пополнувале прашалници со кои се установил степенот на работохолизам . Исто така е оценувана нивната работа и се внесени нивните боледувања. Се покажало дека тензиите на кои се подложени работохолиците, ги намалува нивните достигнувања , а исцрпеноста води до повеќе отсуства . Затоа за оптимално здравје и работоспособност, човек треба наизменично да ги следи периодите на оптоварување  со доволно продолжено " доделување " и " обновување " .
Слично

Поврзани вести