Работниот ден од 6 часа ќе стане реалност?
Шведска презеде чекор понатаму кон воведување на работен ден од шест часа.
Компаниите со широка желба почнаа веќе да ја имплементираат оваа одлука. Неодамнешното истражување во оваа земја кое е спроведено над 600 000 лица кои работат и по 55 часа неделно покажало дека тие повеќе се изложени на ризик од срцев удар отколку луѓето кои работат помеѓу 35 и 40 часа неделно.
Шведска, да потсетиме, пред година дена почна експеримент така што воведе кратко работно време во поедини фирми како би се анализирал eфектот на работа во бизнисот како на компаниите така и на работниците.
Резултатите не изненадиле премногу. Осумчасовно работно време не е ефикасно толку колку што мислат луѓето.
Повеќето компании кои учествувале во експериментот не сакаат да се вратат на стариот режим. И се повеќе други го следат нивниот пример и ги менуваат своите работни навики.
Инаку, студијата објавена во магазинот „Лансет“, ги анализирала испитаниците од САД, Европа, и Австралија и ги следела околу 8 години. Се покажа дека луѓето кои работат 55 часа неделно имаат 33 отсто поголем ризик од срцев удар отколку оние кои работат 40 часа. 13 отсто од нив се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести, додека друга, посебна студија покажала дека 49 работни часа неделно доведува до послабо физичко здравје, посебно кај жените.
Ако на тоа се додадат и анализите кои потврдуваат дека работното време од 9 до 17 часот е целосно неприлагодено на нашиот биоритам, очигледно дека постојат цврсти аргументи за промена.
Дали Швеѓаните го имаат вистинскиот одговор?
