Работници паднале од кран висок 15 метри
Со тешки повреди се здобиле двајца работници од Скопје кои паднале од кран додека поставувале вентилација во фабриката „Макстил“.
Несреќата се случила вчера во 13 часот кога 19-годишниот М.В. од Скопје и 34-годишниот И.К. од Миладиновци поставувајќи вентилација во фабриката Макстил, паднале од кран и се здобиле со тешки повреди. Двајцата скопјани паднале на висина од 10-15 метри, пишува прес24.
Повредените веднаш се префрлени на Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.
Слично
