Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работници кои прават iPhone телефони заболуваат од леукемија?!

Работници кои прават iPhone телефони заболуваат од леукемија?!
Компанијата Apple спроведува интерна истрага во својата фабрика во Кина каде се направени милиони iPhone телефони после големиот број на смртни случаи на работници кои биле вработени да произведуваат вакви телефони. Apple се соочува со обвинувања, работниците кои ги  прават iPhone телефоните заболуваат од леукемија.

The Mail во неделата објави како најмалку 13 работници заболеле од леукемија во своите доцни тинејџерски години и рани дваесетти во фабриката во Шензен, а петорица од нив починале од последиците заболени од 2010 година. Лекарите велат дека причината на болста е ретка.

Семејствата и здруженијата за заштита на работниците веруваат како леукемијата e предизвикана од чести излагања на хемикалиите кои се користат во фабриката. Тие исто така веруваат дека би можело да дојде до заболување на уште поголем број работници. Семејставта наведуваат у како банкротирале издвојувајќи ги парите за лечење на заболените.

Компанијата  Apple  соопшти дека ови обвинувања и наведувања за заболените ја сфаќа сериозно и врши интерни проверки во фабриката во Шензен, каде се произведуваат околу два милиони iPhone телефони неделно. Во оваа фабрика се вработени околу  230.000 работници, мигранти од цела Кина.

Фабриката исто така се користи и за правење на производи на други компании, но примарно работат за  Apple. Во оваа компанија уште ништо не потврдуваат , ниту превземаат одговорност, само наведуваат како проблемот го сфаќаат сериозно.
Слично

Поврзани вести