Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работна средба меѓу претседателите на коморите на Косово и на Македонија и претставници на бизнис заедниците на двете земји

Работна средба меѓу претседателите на коморите на Косово и на Македонија и претставници на бизнис заедниците на двете земји

         

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и претседателот на Стопанската комора на Косово, Берат Рукичи, организираат работна средба меѓу двете комори и претставници на  бизнис заедниците на двете земји во насока на поттикнување и зголемување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.

На работната средба предвидено е да се дискутира за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во делот на инфраструктурата, можноста за развивање заеднички проекти, поттикнување на инвестициите меѓу двете земји и идните активности во рамките на Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

  Работната средбата ќе се одржи на 3 септември 2018 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, на излезот на веќе завршениот дел од автопатот во близина на селото Доанај, Република Косово.

Слично

Поврзани вести