Работите од дома? Еве што треба да избегнувате
Иако многумина мислат дека најлесно е да се работи од дома, понекогаш тоа може да биде многу потешко отколку работата во канцеларија, со оглед на тоа што дома има многу нешта кои ни го одвлекуваат вниманието.
Кревет
Заборавете на работа од креветот бидејќи едноставно тоа е преудобен начин на работа, така што цело време ќе се деконцентрирате. При работата на маса, баш како и во канцеларија, ќе бидете многу поефикасни.
Телевизор
Нормално дека еден од најголемите непријатели на квалитетна работа од дома е токму телевизорот. Токму затоа, одберете просторија во домот во која нема телевизор.
Фрижидер
На сите нас ни се познати прошетките до фрижидерот кога многу работиме, и тоа најчесто го правиме за да направиме пауза од работата. Треба да се обидете да се однесувате како во канцеларија и не јадете на секој еден час, туку да си определите време за ручек и да го почитувате тоа.
Она што е важно е и при работата од дома е да не заборавите на кратките паузи кои се многу важни. Направете пауза тогаш кога ќе се чувствувате уморни, а не додека работите со полна пареа.
Слично
