Економија, финансии, бизнис

Контакт

Работилница за млади лидери од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд во Скопје!

Работилница за млади лидери од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд во Скопје!

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд , Сити Колеџ, ви нуди единствена можност да бидете дел од еднодневната Работилница за млади лидери, на која пријавените учесници ќе стекнат нови знаења и вештини во областа на лидерството, ќе се здобијат со сертификати за присуство и ќе се натпреваруваат за стипендија.

Работилницата ќе се одржи на 8 мај во просториите на хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, со почеток во 13.00 часот ие наменета примарно за учениците од четврта година од средните училишта во Република Македонија, како и за апсолвентите кои ќе имаат прилика да се стекнат со парцијална стипендија за додипломски или постдипломски студии во Бизнис, Администрација и Економија, Психологија, Компјутерски науки или Англиски јазик на еден од 25те најдобри универзитети во Европа!

Работилницата ќе ја предводи Д-рНиколаос Димитриадис, професор на одделот за Бизнис, Администрација и Економија приМеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд и директор на Едукативниот институт за развој (EDI), кој е исто така и презентер на TED Talks, истражувач и практикантво полето на маркетингот и комуникациите.

Учеството на Работилницата за млади лидери е бесплатно за сите заинтересирани кандидати кои ќе се регистрираат најдоцна до 6 мај 2015 година. Бројот на учесници е ограничен.

За регистрација и повеќе информации околу студиските програми на Универзитетот Шефилди Меѓународниот факултет Сити Колеџ од Солун, Грција, ве молиме пополнете ја апликацијата на следниот линк:

http://citycollege.sheffield.eu/rf/mk-Bachelors-Masters/

Слично

Поврзани вести