Работа од соништата се нуди на Малдиви
Уште барате совршена кариера? Имаме идеја за вас.
Книжара на Малдивите бара некој кој сака да работи таму. Станува збор за работа во ресортот "Soneva Fushi".
Малдивите се наоѓаат во Индискиот океан, а најпознати се по коралните гребени, наверојатни песочни плажи и туризам кој е во раст.
Па така во ова одморалиште одлучиле да одат чекор понатаму и да им понудат на гостите - библиотека за читање книги на плажа.
Човекот кој стои зад овој оглас за Гардијан рекол дека платата е солидна , но придобивките кои доаѓаат со тоа работно место се неверојатни.
Идниот продавач на книги на пустиот остров ќе живее близу ексклузивниот ресорт и ќе ужива во сите погодности како и туристите. И за тоа ќе добива плата.
Foto:Thinkstockphotos
Слично
