Економија, финансии, бизнис

Контакт

Путин незадоволен од играта, задоволен од резултатот

Путин незадоволен од играта, задоволен од резултатот


Рускиот претседател Владимир Путин бил задоволен од она што досега Русија го постигна како домаќин на Светското фудбалско првенство, но не бил задоволен од прикажаната игра во последните настапи, според она што може да се протолкува од пренесувањето на медиумите.

Русија синоќа загуби на пенали од Хрватска во четвртина-финалето на Мундијалот, додека наместо Путин, на трибините како официјален претставник беше премиерот Димитриј Медведев.

Самиот пласман на Русија во четвртфиналето е огромен успех за оваа земја. Во моментов тие немаат состав за големи дострели, а тоа добро го знае и претседателот Владимир Путин кој упатил честитки до фудбалерите.

Реакцијата на Путин ја пренесе селекторот Стнислав Черчесов, за кого медиумите тврдат дека бил во постојана комуникација со рускиот лидер откако е почнато Светкото првенство.

„Премиерот Дмитри Медведев беше со нас во соблекувалната, претседателот Путин ни се јави на телефон и ни честиташе за добрата игра. Ни рече дека она што го правевме на теренот е феноменално и дека цела Русија е горда на нас. Но, ни рече и дека тука не треба да застанеме, треба да одиме напред, да го креваме нивото за да дојдат и уште поголеми успеси“, изјави селекторот Черчесов.

По натпреварот се огласи и портпаролот на Кремаљ кој исто така рече дека Путин е горд на руската репрезентација.

„Претседателот Путин го гледаше натпреварот и навиваше за својата репрезентација. Изгубивме во чесен и величествен натпревар. Фудбалерите за нас и понатаму се големи, тие се херои. Гинеа на теренот, горди сме на нив“, е официјалната реакција на руските власти пренесена од портпаролто Дмитриј Песков.


Слично

Поврзани вести