Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштена во употреба нова лабораторија на ГИК која ветува правилна и здрава реализација на ин витро

Пуштена во употреба нова лабораторија на ГИК која ветува правилна и здрава реализација на ин витро
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се поднови со нова лабораторија за цитогенетски, пренатални и преимплантациски испитувања. Новата и современа апаратура ќе служи за правилна и здрава реализација на ин витро како и за рано откривање на некое заболување кај детето кое може да се пренесе од родителите. Опремата во лабораторијата чини 18 милиони денари и е дел од проектот на Министерството за образование и наука за набавка и опремување на лаборатории на јавните високообразовни институции и е меѓу 80-ината лаборатории кои се досега инсталирани низ Македонија. На пуштањето во употреба на лабораторијата беа премиерот Никола Груевски и министерот за образование, Спиро Ристовски.
Слично

Поврзани вести