Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пуштена во употреба нова редизајнирана веб страница на Централен депозитар за хартии од вредност

Пуштена во употреба нова редизајнирана веб страница на Централен депозитар за хартии од вредност

Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје неодамна ја пушти во упoтреба својата нова редизајнирана веб страница. Aдресата на веб страницата е непроменета www.cdhv.mk

Целта на новиот дизајн е на прегледен и едноставен начин за корисниците да се презентираат информациите од работењето на Депозитарот.

Веб страницата има нова структура на содржините и значајно е збогатена со информации. За корисниците на услугите на Депозитарот воведени се бројни содржини кои ја олеснуваат постапката на подготовка на документација заради соодветни уписи на промени во Депозитарот. За информативни цели на широката јавност, посветено е особено значење на брзо и едноставно изнаоѓање на голем број релевантни информации за издадените хартии од вредност во Република Македонија, како и статистички извештаи.

Имајќи ја предвид законската обврска на Депозитарот на својата веб страна да ги објавува акционерите кои поседуваат повеќе од 5% од определена класа на хартии од вредност на котирани друштва и акционерските друштва со посебни обврски за известување, на главната страна е воведен брз линк до тие податоци.

Слично

Поврзани вести