Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преминот Блаце доби нов лик

Преминот Блаце доби нов лик
Заврши реконструкцијата на  граничниот премин Блаце што треба да овозможи побрз проток на луѓе и стока, но и да ја подобри работата на граничните служби. Реновирањето на најпрометниот премин на македонско-косовската граница чинеше 1,8 милиони евра, а парите беа обезбедени од Светска банка. Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која заедно со вицепремиорот Зоран Ставрески беа на отворањето на санираниот премин, проектот е направен за доброто на двете соседни држави. „За МВР и за граничната полиција важно е што модернизираниот граничен премин ќе има силно влијание и врз зголемување на квалитетот на контрола на секојдневниот прекуграничен проток и е во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и на граѓаните од Косово и другите земји кои го користат или во иднина ќе го користат“, рече Јанкулоска. Граничниот премин годинава во два правци го минале околу 2 милиони лица, а од почетокот на 2013 до минатиот месец имало извоз на роба во Косово, преку Блаце, од околу 280 милиони долари. Увозот пак од Косово кон Македонија бил 51 милион долари, а  направена е трговската размена од  330 милиони долари. Блаце сега има зголемен бројот на сообраќајни ленти, од две на четири за влез и на три за излез од Македонија кон Косово.
Слично

Поврзани вести