Пунктови за донации, но внимавајте, донирајте го тоа што им е најпотребно на настраданите!
На следниве пунктови утре, недела, може да ги оставате своите донации за помош на настраданите во Србија и Босна и Херцеговина. Но внимавајте, не носете се и сешто, затоа што се создава дополнителен хаос. Списокот на најпотребните работи го има подолу во текстов.
Ова се пунктовите за кои засега е сигурно дека утре (недела) ќе бидат поставени во повеќе општини во земјава:
Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква,
Плоштад Македонија – 12 часот,
Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад,
Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката),
Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови),
Битола – 12 часот, плоштад Магнолија,
Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“,
Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите.
Воедно, со вртење на бројот 143 400 од било кој мобилен оператор можете да донирате 100 денари за акцијата за помош на настраданите.
Граѓаните апелираат дека треба да се внимава што се донира. Ова се списоците на работи кои засега им се најпотребни на оние што останаа без покрив над главата по катастрофалните поплави.
Редакција Фактор
Редакција Фактор
Слично
