Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво викенд предавање на Академијата за менаџери, се учи за стратешко планирање

Прво викенд предавање на Академијата за менаџери, се учи за стратешко планирање
Академија за менаџери денеска го одржува првото викенд предавање од програмата за стратешко менаџирање на мали и средни претпријатија- односно за тоа како се гради  и одржува конкурентната предност. Закажано за 10.45 часот, во хотелот „Квинс" во трговскиот центар Зебра, предававач ќе биде др Емануел Гомес, истакнат професор за стратегија и меѓународен бизнис при Универзитетот Шефилд. Свое предавање ќе има и Стелиос Кехајас, консултант и сениор професор на „CITY Колеџот“ при истиот универзитет. Целта на Академијата за менаџери е да го подигне нивото на компетентноста и квалификациите во менаџментот низ развој и дистрибуирање на алатки за менаџерско размислување, техники и практики, додека на неа ќе се работи на научно-истражувачка дејност од областа на менаџментот и економијата, како и кратки програми, модули, обуки за менаџерски кадар од областите корпоративно управување, менаџмент, управување со финансиски текови, управување со ризици, водење преговори, маркетинг и модули за едукација на државни службеници за менаџирање во јавната администрација. Универзитетот Шефилд е еден од најстарите британски универзитети, со светски углед за квалитет. Тој е водечки истражувачки универзитет, со седиште во Шефилд, во јужен Јоркшир, Англија. Во 2011 година е именуван за универзитет на годината во Велика Британија од страна на Times Higher Education Awards за академската 2011 - 2012 година. Според QS ранг листата од 2012 година, Универзитетот Шефилд е 11-ти во Велика Британија, 20-ти во Европа, 66-ти во светот и има пет добитници на Нобеловата награда. Академијата за менаџери е формирана под академска надлежност на Универзитетот Шефилд, CITY Колеџ - Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, во соработка со Сојузот на стопански комори на Македонија и Министерство за образование и наука на Македонија.  
Слично

Поврзани вести