Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво спомен плоча на плоштад, подоцна и споменик од Субрата Рој за Мајка Тереза

Прво спомен плоча на плоштад, подоцна и споменик од Субрата Рој за Мајка Тереза

Со симболично поставување плоча на плоштадот „Македонија“, попладнево беше означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза. Споменикот ќе биде подарок од нејзината втора татковина - Индија, донација на индискиот бизнисмен Субрата Рој.

Споменикот ќе се гради на самиот плоштад, непосредно до хотелот „Мериот“ кој е во изградба. Детали за изгледот и големината на споменикот не беа соопштени, а нема ни дата кога ќе почне изградбата на монументалното дело, но затоа беше истакнато дека Мајка Тереза е инспирација и врска на двата пријателски народи.

Индискиот милијардер за време на настанот зборуваше за познанството со Мајка Тереза, која на претсмртна постела го благословила и му оставила аманет да се грижи за сиромашните деца, за нејзината скромност и нејзината безусловна љубов кон децата и немоќните. „Таа беше граѓанин на светот и не знам зошто ме сакаше мене. Споменикот што ќе го изградиме ќе биде нејзин голем дом, не само статуа. Предлагам тој да се вика споменик на хуманоста“, рече Рој, кој според најавите планира да отвори и болница за најтешко болните и сиромашни луѓе во Македонија.

Слично

Поврзани вести