Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот циклус на бизнис караванот на „ЕУРОЛИНК“ заврши успешно во Скопје

Првиот циклус на бизнис караванот на „ЕУРОЛИНК“ заврши успешно во Скопје

Вчера попладнето во преполната сала на хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа голем бизнис-настан, кој го означи крајот на првиот циклус на Бизнис-комплет караванот на „Еуролинк oсигурување“.

Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и на микро претпријатија од Скопје имаа можност да се запознаат со Бизнис-комплет пакетот, со предностите на осигурувањето, како и со ризиците и опасностите во секојдневното работење.

Бизнис-комплет е сеопфатен уникатен осигурителен пакет кој покрива различни осигурувања, како што се осигурување од пожар и други опасности, кражба и разбојништво, кршење стакло, прекин на работа, одговорност и незгода за вработените. Пакетот е предвиден како целосно осигурување за микро и за малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, минимаркети, аптеки, парфимерии, козметички салони, кафулиња и др.

Eurolink 1

Бизнис-комплет караванот почна во Скопје во март, по што следуваа повеќе настани во Струмица, Прилеп, Битола и во Штип во текот на месеците април и мај, за повторно да се врати во главниот град со завршен настан.

„Презадоволни сме од успехот на првиот циклус од Бизнис-комплет караванот и од интересот на кој наидовме низ градовите во Македонија. Ова е повеќе од доволен показател дека создадовме продукт кој ќе даде вистинска поддршка и ќе придонесе малите претпријатија посигурно да чекорат кон остварување на своите бизнис-цели. Преку караванот лично се запознавме со потребите на малите бизниси и проблемите со кои тие се соочуваат, што за нас претставува вистинска мотивација и причина да продолжиме да креираме и да развиваме нови и иновативни осигурителни решенија“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“.

Бизнис-комплет караванот во текот на месецот септември ќе продолжи со вториот циклус низ останатите градови во Македонија.

Слично

Поврзани вести