Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИОТ ЧОВЕК НА СЗО ДО МЛАДИТЕ - не сте непобедливи, коронавирусот може да ве стави во болница со недели

ПРВИОТ ЧОВЕК НА СЗО ДО МЛАДИТЕ - не сте непобедливи, коронавирусот може да ве стави во болница со недели

Првиот човек на Светската задравствена организација вчера упати јасна порака до младите, односно популацјата во светот која тешко ги прифаќа препораките дека треба да се седи дома за да се спречи ширењето на опасниот коронавирус.

Тој нагласи дека е точно дека КОВИД-19 најтешко ја погодува постарата популација, но предупреди дека и младите можат да бидат заболени од таа заразна болест. 

„Денеска имам порака за младите. Вие не сте непобедливи, овој вирус може да ве стави во болница со недели, па дури и да ве убие“, рече генералниот секретар на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на видео конференција.

Тој ги повика младите да избегнуваат метеж за да не го пренесат вирусот на постарите лица. 

„Дури и ако не се разболете, изборот што го правите за тоа каде одите може да направат разлика помеѓу животот и смртта за некој друг“, нагласи генералниот директор на СЗО.

Слично

Поврзани вести