Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот „Android One“ телефон во продажба веќе следната недела

Првиот „Android One“ телефон во продажба веќе следната недела

Google е прилично молчалив кога е во прашање „Android One“, иницијативата која оваа компанија ја најави во јуни. Сепак, може да се слушне дека „Android One“ уредите ќе бидат во продажба од септември: за почеток во Индија а „Economic Times “ тврди дека првиот од нив ќе биде објавен веќе следната недела.

Наводно, „Android One“ смартфонот кој ќе може да се купи веќе од следната недела ќе има и можност за две сим картички, камера од 5 мегапиксели како и батерија од 170  mAh. Гласините говорат дека исто така би можело да има и 1 GB RAM меморија и quad-core процесор, Android 4.4 KitKat платформа и екран од околу 4 инчи. Индиските произведувачи Micromax, Karbonn и Spice ќе почнат да ги нудат „Android One“ уредите, а нивните смартфони би требало да чинат помеѓу 115 и 165 долари.

Исто така се порачува дека „Android One“ смартфоните ќе добијат  Android L ажурирање во октомври.

Слично

Поврзани вести