Први на пазарот: Вип нуди уред за лоцирање и следење домашни миленици
Уредот MyKi pet кој за прв пат на пазарот го понуди телекомуникациската компанија Вип ќе им помогне на сопствениците на домашни миленици да го следат нивното движење и локацијата на која се наоѓаат во реално време со Андроид или со Иос апликација. Ова е нов уникатен паметен уред кој тежи само 28 грама, а е приспособлив и за мачиња и за кучиња. Миленичето се следи преку мобилна апликација.
Уредот се одликува со едноставност за употреба и е произведен од нетоксични и безопасни материјали. Како дополнителна функционалност, велат од Вип, достапна е програмата за „тренинг“ која со четири различни звуци, овозможува дресура на милениците да извршуваат различни команди.
„Преку GPS, LBS и Wi-FI локализацијата, MyKi Pet овозможува прецизна локација на миленичето со точност од 10 метри. Сопственикот на миленичето може да постави безбедносна зона околу вообичаеното место за прошетка и доколку миленичето ја премине ова зона, сопственикот во истиот момент ќе добие нотификација. Тракерот тежи само 28 грама и затоа е лесно да се постави независно од големината на домашното милениче, велат од Вип.
Уредот е достапен за 0 денари, со договор склучен на 24 месеци за тарифниот модел Vip MyKi Pet со претплата од 199 денари месечно.
Само уредот чини 3.999 денари.
