Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва самостојна изложба на Рената Поповска со прекрасни дела

Прва самостојна изложба на Рената Поповска со прекрасни дела

Уметницата Рената Поповска и се претстави на публиката со нејзините прекрасни дела во првата самостојна изложба која вечерва беше поставена во Кинотека на Македонија.

- Инспирација наоѓам во природата, суштината на делата е да раскажам една убава страна на животот. Земам камен и земам дрво и ги спојувам во една приказна за љубовта, изјави уметникот Рената Поповска.

Бројните посетители уживаа и се воодушевуваа на делата, околу шеесетина на број, а изработени исклучиво од природни материјали – камен, дрво, коноп, кои ја раскажуваат убавата страна на животот, камената безвременска енергија и вечната љубов.


Слично

Поврзани вести