Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прв состанок на донаторите за Заеднички регионален пазар на Западен Балкан

Прв состанок на донаторите за Заеднички регионален пазар на Западен Балкан

Прв координациски состанок на донаторите за Заеднички регионален пазар и за Зелените региони на Западен Балкан беше одржан денеска во организација на Регионалниот совет за соработка (РСС) од Сараево.


На он-лајн состанокот на кој учествуваа и министри од владите во регионот, претставници на Европската комисија(ЕК), на ЦЕФТА, на меѓународни финансиски институции и други, се идентификуваа потребите од средства за проектите во рамките на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) и Зелените коридори (ЗК) – активности што ги координира РСС и кои беа поддржани пред три дена и од земјите на групата Г 7.

 -Напорите што регионот ги вложува во реформската агенда за заедничкот пазар и за зелените коридори дообиваат широко признание и поддршка и од Г-7, каде што министрите за наворешни работи и за развој на Г7 ги подржаа овие активности како важни за Западен Балкан, изјави генералната секретарка на РСС Мајлинда Брегу. Таа, како и претставниците на ЕК и на ЦЕФТА ја подвлекоа важноста на овие проекти во рамките на Берлинскиот процес за пристапниот процес кон Европската унија.

Воспоставување на заеднички пазар на Балканот и зелени коридори или т.н. Зелена агенда, беа потврдени и на самитот на Западен Балкан и ЕУ во Софија одржан во ноември 2020 година, каде што беше усвоен и Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар за периодот 2021-2024 година. 

Слично

Поврзани вести