Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Прв до врв“- Скопската жичарница слави втор роденден

„Прв до врв“- Скопската жичарница слави втор роденден
Вториот роденден на Жичницата на Водно, ќе биде одбележан со манифестацијата насловена  „Прв до врв“, што е замислена како спортско-рекреативен настан што  ќе се одржи во сабота на 1 јуни. „По две години можеме да констатираме дека жичницата на Водно добро функционира, а скопјани користејќи ги нејзините услуги уживаат во неговите убавини и  без напор може да  се искачат до Милиениумскиот крст. Ние како граѓани на Скопје треба да сме задоволни што имаме паланина која е во наша непосредна близина и можеме да ја користиме за спорт и рекреација.“ истакна градоначалникот Коце  Трајановски и ги повика граѓаните кои нема да учествуваат во трките да дојдат во што поголен број користејќи ги услугите на  жичницата до Милениумски Крст, каде што  ќе се оддржи Пикник и забава со музичка програма. На трката која се организира по повод роденденот се пријавиле околу 600 учесници, а во рамките на натпреварувачкиот дел ќе се одржат трки во качување и велосипедска трка,  во машка и во женска конкуренција. На качувањето коешто ќе почне во 9 часот пред ОУ „Кочо Рацин“ може да  учествуваат сите старосни групи, групирани по категории во машка и во женска конкуренција: ученици, студенти, возрасни, семејства (минимум 2 членови), ветерани, компании, институции и дипломатски претставништва (минимум 4 членови), најавија надлежните. Во рамките на настанот ќе се одржи и Велосипедска трка на Солидарност (50 години од земјотресот во Скопје), која ќе стартува во 10 часот пред ОУ „Кочо Рацин“, за велосипедисти во брзинска и планинска категорија, а на неа може ќе учествуваат  велосипедисти од сите категории. Посетителите кои нема да се натпреваруваат ќе можат да пристигнат до врвот на Водно и со жичницата до Милениумски Крст каде што  ќе се оддржи Пикник и забава со музичка програма и журката на Средно Водно од 22 часот до 5 часот изутрина. Еве ја и агендата:       9:00 Масовен старт на качување од ОУ Кочо Рацин 10:00 Старт за велосипедистите од ОУ Кочо Рацин 12:00 Церемонија на доделување награди и прогласување победници 12:30 Пикник и забава со музичка програма, DJ сет и настап на познати музички ѕвезди
Слично

Поврзани вести