Протест во Сиднеј: За барови и пабови!
100 000 луѓе излегоа на протест во центарот на Сиднеј поради законот кој забранува на клиентите да влезат во пабови или барови по 1:30 часот.
Организаторите на протестот побараа од гувернерот на државата Нов Јужен Велс, Мајк Берд да ja укине забраната од 2014 година, поради која посетите на местата со жива музика опаднаа за 40%.
Законот беше воведен по неколку улични тепачки во алкохолизирана состојба со фатален крај.
Законот предвидува и местата во централните делови на Сиднеј да ги служат последните пијалоци во 3:00 часот и забрани продажба за алкохол за дома по 22 часот навечер.
Владата најави дека ќе даде одговор на барањата до крајот на годината.
Тајсон Кох, кој го организира протестот, изјави дека законите го убиваат ноќниот живот на градот, а освен тоа многу институции се принудени да ги затворат клубовите и да намалат работни места.
