Економија, финансии, бизнис

Контакт

Просторот се чисти, го снемува пазарот за стари работи под Скопското Кале

Просторот се чисти, го снемува пазарот за стари работи под  Скопското Кале
Изминативе три дена се  расчистува дивиот пазар каде што се препродаваа старите работи, сместен  под Скопското Кале и во непосредна близина на Царинската управа и базенот Плаја Виста. Расчистувањето го прави општина Центар, по претходни пријави за отпадот, шутот и непријатната миризба од Царинската управа. Станува збор за површина од 10.000 метри квадратни, од која досега се собрани над 200 метри кубни отпад, кој се носи на депонијата Дрисла, а овој простор ќе биде затворен за движење. Акцијата се реализира со две градежни машини-утоварувачи, три 10-тонски камиони и два помали камиони, а 50-тина работници го чистат сметот и ќе го уредуваат теренот, појаснија од општина .
 
Слично

Поврзани вести