Прославете го летото со “FRIDAY 50” коктел забавите во ресторан Дистрикт
Најголемите летни afterwork забави повторно започнуваат во Скопје. Секој петок, до крајот на месец август, со почеток од 18 часот па се до 21 часот ќе се организираат “Friday50” забави во новоотворениот ресторан Дистрикт што е лоциран на самиот плоштад во Скопје.
За сите гости што сакаат да уживаат во вкусот на коктелите и музиката на DJ Никифор, овие прослави на едно место ќе ги соберат пријателите и бизнис соработниците и ќе овозможат нов, опуштен и позитивен начин на приквечерно дружење.
Во Дистрикт, секој петок ќе се промовира различен коктел, а првите 50 гости што ќе дојдат на шанк и ќе кажат Friday 50 ќе добијат бесплатен коктел.
Вистински одмор после работа е afterwork журката во Дистрикт.
Happy Friday за сите, Friday50 за првите!
