Економија, финансии, бизнис

Контакт

Проширена и оплеменета експозитура на Охридска банка Сосиете Женерал

Проширена и оплеменета експозитура на Охридска банка Сосиете Женерал

Со модерен и урбан изглед, проширена, и комплетно ново уредена, експозитурата на Охридска банка Сосиете Женерал, на бул. 11 Октомври 34 во Скопје, лоцирана спроти Управата за јавни приходи на РМ е повторно ставена во функција. Ваквиот изглед на експозитурата им овозможува на клиентите, полесен пристап, комоција, пријатен амбиент и секако подобрување на брзината и квалитетот на услугата.

Во оваа експозитура, клиентите можат на едно место да се информираат за целокупното портфолио на производите и услугите на Банката, да ги извршат сите потребни трансакции и да поднесат барања за разни типови кредити, кредитни картички, депозити, мобилно и електронско банкарство, итн. На постојано  располагање е и банкоматот поставен како дел од експозитурата.

Трендот на модернизирање на експозитурите започна минатата година со отварањето на новата експозитура во населбата Аеродром, единствена од ваков вид на пазарот, со уникатен  и неконвенционален изглед.

Инвестициите во продажната мрежа и конкретно во оваа експозитура со модерен, пријатен и удобен амбиент ги рефлектираат квалитетот и посветеноста на Банката и нејзините капацитети  да одговори на потребите на своите клиенти, така придонесувајќи кон амбицијата да биде банка фокусирана на создавање блиска врска со клиентите на пазарот на кој опстојува.


Со својата деловна мрежа од вкупно 28 експозитури, Охридска банка Сосиете Женерал, како Најдобра банка во Македонија за 2017 година според еминентиниот магазин Глобал Фајнанс, постојано развива нови бизнис иницијативи, производи и услуги, истовремено зацврстувајќи ја  репутацијата и довербата со населението и деловните субјекти од земјава и странство.

Слично

Поврзани вести