Просечна цена за килограм тутун 186 денари
70 посто повеќе од лани или 186 денари изнесува просечната цена за килограм тутун.
Надлежните денеска соопштија дека за четири недели се откупени 8.077.918 килограми тутун, а се исплатени 1.251.127.080 денари.
Согласно договорите откупот се врши на 152 откупни места и на 186 ваги, а се проценува дека од реколтата од 2015 ќе бидат откупени околу 25.000 тони тутун.
Лани просечната цена за килограм тутун изнесуваше 117 денари.
Слично
