Пронајден дијамант вреден 16 милиони долари
Компанијата „Peter Diamonds“ соопшти дека во нејзинот рудник Кулинан, во Јужноафриканската Република, е пронајден бел дијамант вреден 232,08 карати, кој според стучњаците е вреден од 10 до 16 милиони американски долари.
На веста за ова откритие, вредноста на акциите на компанијата пораснала за 6,5 одсто.
Како што пренесува Ројтерс, станува збор за најголемиот дијамант кој оваа компанија го пронашла од 2009, кога во истиот рудник е откриен 507 каратен дијамант Кулинан Херитејџ, кој достигнал рекордна цена од 35,3 милиони долари.
Слично
