Промовирани новите Вип Конект пакети со две и три услуги
По неодамнешната најава за целосен фокус кон корисникот и кон воведување на нови услуги на пазарот кои се засноваат на конвергентност, денес оне.Вип ги претстави новите Вип Конект пакети со фиксни услуги, дел од тарифното портфолио на брендот Вип, кое веќе ги содржи Вип Комбо пакетите со четири услуги.
“Она што го започнавме како успешна приказна со Вип Комбо пакетите и нашата соработка со Близу, денес го добива своето унапредување – токму онака како што ветивме минатата недела – фокусирајќи се кон сите потреби на корисниците.oне.Вип од денес го зголеми своето Вип продуктно портфолио, не за еден, туку за девет нови комбинации на фиксни услуги кои, сега веќе сме сигурни, ќе ги задоволуваат потребите на сите домаќинства. Со тоа цврсто чекориме кон исполнување на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата”- изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.
Вип Конект Дуо пакетите со две услуги ги вклучуваат две различни комбинации на услуги: Вип Конект Дуо ТВ С и Вип Конект Дуо ТВ М - кои на корисниците им нудат дигитална телевизија и фиксна телефонија, со цени почнувајќи од 449денари. Доколку корисниците сакаат да уживаат во комбинација од неограничен интернет и фиксна телефонија, можат да одберат од Вип Конект Дуо Нет пакетите: С, М и Л, со цени почнувајќи од 699денари.
Корисниците, пак, кои имаат потреба за комплетно корисничко искуство, можат ги одберат новите Вип Конект Триопакети со три услуги, во кои се вклученисите фиксни услуги кои се наоѓаат во портфолиото на брендот Вип, а се поддржани од Близу. Имено, со Вип Конект Трио XS за месечна претплата од 999 денари корисниците добиваат неограничена комуникација кон сите фикснимрежи, интернет со брзина од 15Mbps /1 Mbps и дигитална телевизија до 60 канали. Со Вип Конект Трио S покрај бесплатна комуникација кон сите фиксни мрежи, корисниците добиваат и до 90 канали/10HD канали и интернет со брзина од 30 Mbps/2 Mbps (download/upload) за 1.199денари месечно. Вип Конект Трио M, пак нуди и можност за телевизиски приклучок на два телевизора, интернет со брзина од 50 Mbps /3 Mbps, како и телевизија до 120 канали/23 ХД канали, а Вип Конект Трио Л за љубителите на брзиот интернет во пакетот вклучува брзини од 150 Mbps/5 Mbps, како и телевизија со до 150 канали/27ХД канали на три ТВ приемници. Месечната претплата за овие пакети е 1.499 односно 1.999денари.
За корисниците кои ќе ги купат пакетите Вип Конект Трио S, M и L до 30 ноември 2015г. добиваат промотивна месечна претплата за првите дванаесет месеци од 999 денари.
Понудата за новите Вип Конект пакети е достапна во сите поголеми градови во Македонија, каде што Близу има техничка можност.
Повеќе информации во однос на новите Вип Конект пакети корисниците можат да најдат со јавување во Вип контакт центарот 077 1234 или на веб страницата www.vip.mk .

