Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промотивни услови на кредитите за население до крајот на Јануари

Промотивни услови на кредитите за население до крајот на Јануари

Охридска банка воведе промотивни каматни стапки кај кредитите за население, со едноставен концепт на осигурување.

Охридска банка, групација Сосиете Женерал одобрува кредити со кредитно животно осигурување, со намалени промотивни каматни стапки*:

- Станбен кредит – каматна стапка од 4,75%, фиксна за првите пет години;

- Хипотекарен кредит – каматна стапка од 6,00%, фиксна за првите три години;

- Кеш експрес кредит – каматна стапка од 5,90%, фиксна за првата година;

- Компакт кредит за рефинансирање – каматна стапка од 6,00%, фиксна за првите две години.

Клиентите што аплицираат за станбен и хипотекарен кредит со кредитно животно осигурување имаат можност да изберат помеѓу основниот пакет на осигурување, со кој за 0,44% осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85% годишна осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа. Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен и хипотекарен кредит, е достапен за сите други кредитокорисници.

Административните трошоци за станбен, кеш експрес и компакт кредит изнесуваат 0%**.

Промотивните услови важат за сите нови апликации за кредит до 31 јануари 2016 година.

Со единствената понуда на пазарот со која клиентите имаат на располагање БАНКА ПЛУС ОСИГУРУВАЊЕ, достапна на исто место и во исто време, Охридска банка дополнително го потенцира принципот на одговорно кредитирање и искрено советување во интерес на клиентите.

За подетални информации во врска со промотивната понуда, клиентите можат да ги посетат експозитурите на Банката и веб-страницата www.ohridskabanka.mk.

Слично

Поврзани вести